Македонија

(Видео) Самка призна: Го искористил законот кој го пропагираше за да неговата фирма не врати милиони на државата

Експратеникот Самка Ибраимовски, за кого „Скопје1“ пишуваше дека е сопственик на фирма која не вратила долг од 29 милиони денари, во поткастот „Претрес со Ландов“ јавно призна дека го искористил законот кој го пропагираше за да долгот му застари.

Во поткастот тој зборува дека овој закон е за да се ослободат сиромашните граѓани од должничко ропство, а од друга страна, призна дека тој е добро ситуиран, но го искористил за да не ги врати парите кои му ги барала државата со правосилна судска пресуда.

Ибраимовски вика дека се залагал за овој закон оти има 200 илјади граѓани кои се дадени на изршител, а долговите можат сега да им застарат. Но, истиот закон ретко и кој го искористи – бидејќи два членови кои се однесуваат на застарувањето се укинати од Уставниот суд.

Целата дебата, погледнете ја тука:

На почеток