Свет

Шест лица загинаа во израелските напади врз јужен Либан

Најмалку шест лица загинаа, а еден е ранет во израелските напади врз јужен Либан во саботата вечерта, јавија денеска локалните медиуми.

Либанската национална новинска агенција (ННА) наведува дека нападите на израелската армија (ИДФ) биле извршени врз градот Џедеиде Марџајун, пренесува Ал Џезира.

Агенцијата NNA објави дека нападите на ИД ги погодиле населбите Бурџ ал Барајнех, Харет Хреик и Ал-Хадат во Дахије.

Бројот на загинати во израелските напади во Либан од октомври минатата година се искачи на 2.653, објави во саботата Министерството за здравство на земјата.

Во соопштението се наведува дека израелските сили вчера убиле најмалку 19 лица во Либан, објави претходно Ројтерс.

На почеток