(Видео) Први снимки по пожарот во хотелот „Манастир“: се започнало од скарата
Од
Објавено на
Командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски за пожарот кој вечерва го зафати хотелот Манастир во Берово, вели дека истиот е локализиран.
„Пожарот избувнал, најверојатно од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила. Кога се видело дека има потреба од дополнителна жива сила и возила, побарана е помош од Кочани, Струмица и Пехчево. Истите се на терен. Пожарот е пресечен“, рече Руменовски.
Посочи дека не е дозволено да се прошири пожарот на собите.
„Има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се прошири на хотелот“, додаде тој.