Пишман претседателка-закажа па откажа дебата за помилувањата
Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, за денеска поканила членови на сите досегашни членови на Комисиите за помилување да дебатираат за подобрување на процесот на помилување во пракса.
Како ја закажа, така се премисли и ја откажа, по електронска пошта, без образложение. Дебатата требаше да помогне во решавање на проблемите по бурните реакции во јавноста за 10 лица помилувани меѓу кои и водачот на кланот Барон Акиф Равмановски кој во меѓувреме е повторно вратен во затвор.
Како што дознава Скопје1 од денеска треба да почнат и консултациите за формирање на новата Комисија за помилување, откако во саботата актуелниот состав колективно си поднесе оставка, а претседателката ги прифати оставките.
Вчера, премиерот Мицкоски, ја поздрави оставката на комисијата, притоа потенцирајќи дека кој работи и греши и дека е важно што Комисијата ја прифати грешката.
„Комисијата не призна грешка како што посочува Мицкоски, туку дека се придржува до принципи”, е ставот на Гордан Калајџиев, сега поранешен член на Комисијата за помилување.
Опозициската СДСМ побара оставка од претседателката бидејќи таа е последниот филтер кој одлучува, а Комисијата е само советодавно тело.