Скопје

(Фото) Дојава за бомба во фабрика во Скопје

Утрово во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од населба Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 06 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа.

Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава.

На почеток