(Фото) Нападнат центар за обука на специјалните сили на Путин во Чеченија
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека во напад со беспилотно летало бил погоден рускиот универзитет за специјални сили Спецназ во градот Гудермес.
Ramzan Kadyrov says a UAV struck the Spetsnaz University in Gudermes. https://t.co/FHlEmAEs3nhttps://t.co/UA7dTZMUdfhttps://t.co/FhtwtUQ7w3 pic.twitter.com/kUIJGI2bZM
— Rob Lee (@RALee85) October 29, 2024
Кадиров на Телеграм изјави дека се запалил покривот на празна зграда во просториите на Универзитетот, именувана по рускиот претседател Владимир Путин, кој подоцна бил изгаснат.
„Нема жртви или повредени“, додаде Кадиров, посочувајќи дека властите го истражуваат инцидентот и се обидуваат да ги идентификуваат инволвираните во нападот. Тој истакна дека сите служби на Универзитетот работат вообичаено.