Уапсен Турчин на граница, се обидел да го поткупи граничарот со сто евра
Од
Објавено на
Ноќеска, околу 03 часот по полноч, на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во РСМ се пријавил 53-годишниот К.С. од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.
Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во РСМ.
К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело „давање поткуп“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.