Скопје

(🔴Во живо) „Претрес“ на Косана Мазнева: за Данела Арсовска, „мафиите“ во Комунална, (не)чистотата во Скопје

Змии и глувци ни шетаат низ центарот на Скопје. Препознатлива слика за скопјани се полните и смрдливи контејнери. Ова треба да го решава првата градска дама Данела Арсовска со нејзините соработници, кои кај нејзе имаат и краток рок на траење. Во овој „Претрес“ ќе го соголиме проблемот на скопјани, но и работењето на Арсовска во комуналниот дел. Кој до волку го изгнаси Скопје?

Едно време добри пријателки и соработнички… Ја расипаа калимерата… Каде и зошто пукна тиквата помеѓу Данела Арсовска и Косана Мазнева? Каква е состојбата во Комунална хигиена? Зошто градот е во лоша комунална кондиција?

Вергла не пали, луфта на предница, тропа мењач, не шалта мењач – се дел од дефектите поради кои возилата за подигање на смет се вон функција.

Koј го изгнаси Скопје до овој степен? За мафијашките структури кои ги збореше Арсовска, борбата со ветерници, клоцата по фалбите, тендерите… ќе ја претресеме Косана Мазнева, ексдиректорка на Комунална хигиена..

Има ли надеж за ова претпријатие?! Дознајте сега, во живо во „Претрес со Ландов“:

На почеток