Костовски: Започнува ренесансен период во кој сите проекти ќе бидат реализирани за подобрување на животот на граѓаните во Бутел
Во вчерашната емисија „За или против“ на телевизија Алфа гостуваше градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски кој посочи дека животот на граѓаните во Општина Бутел ќе се подобри со многу проекти кои ќе бидат реализирани и ќе го подобрат животот на граѓаните во општината.
Тој истакна и дека за прв пат се случува да се има поинаков пристап а не како што досега било со претходната власт и да може да му се помогне на секој градоначалник без разлика од која општина доаѓа, затоа што оваа Влада тоа го овозможува затоа што поседува способност и транспарентност тоа да го направи.
„Она што треба да се пофали е тоа што за прв пат една политичка Влада не прави разлика помеѓу тоа од каде доаѓа одреден градоначалник, од која општина и тука би го цитирал и премиерот Мицкоски. „Тој човек е избран од граѓаните и Владата е должна да му помогне“. И ова е покажување на широк капацитет и вистинско лидерство кое претходно го немало. А жив сведок сум јас, во период кога СДСМ ја предводеше владата се соочувавме со многу проблеми“, изјави Костовски.
Тој посочи дека за оваа година имаат навистина една добра и сериозна анализа што да предложат како проект, исто така во оваа фаза веќе ги размислуваат проектите за следната година а некои од нив веќе и се започнати да се работат, а со потпишување на договори а сето тоа дека во најбрз можен рок ќе биде завршено.
„Станува збор за еден ренесансен период во кој за прв пат општините ќе можат комотно да размислуваат, а градоначалниците воедно да се чувствуваат како градоначалници, да имаат вистинска една визија за развој на својата општина“, рече Костовски.
Градоначалникот Костовски образложи за тоа кои проекти ќе се реализираат, се со цел граѓаните да имаат можности за подобар живот, за рекреација, односно за подобра иднина, а во однос на буџетот нагласи дека ќе има доволно средства за сите предвидени капитални инвестиции.
„Потпишавме договор за патека на реката Серава која што ја градиме веќе како општина, веќе е во финална фаза коритото на реката Серава кое што можеби беше три децении ветувано од разно разни политички структури и градоначалници во должина од 2 километри, сега се реализира“, истакна Костовски.