Еден убиен во Арачиново
Еден од застреланите во Арачиново, ја изгубил битката на Ургентниот центар во Скопје, сооштија оттаму. Второто лице веднаш е примено во Одделот за интензивна нега
„Заради сериозноста на состојбата на 50- годишниот пациент, веднаш е извршена реанимација, но за жал и покрај сите напори на дежурните медицинските тимови, кај овој пациент настапила смрт“, велат од Ургентниот центар.
На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с.Арачиново.
Според пријавеното, во нив во с.Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило “Ауди”.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.