29-години има девојката која беше убиена во Штип: сѐ се случувало во близина на нејзиниот дом
Од
Објавено на
Девојката која вчера беше убиена во Штип имала 29-години, соопшти Обвинителството. Како што кажаа од МВР, ја убил нејзиниот парнтнер, кој потоа сам се пријавил и предал.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена.
Едно лице е задржано во полициска станица. При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција“, велат од Обвинителството.