Свет

Дојави за бомби во Црна Гора: eвакуирани училиштата во неколку градови

Неколку училишта во Подгорица, Бијело Поље, Бар, Будва, Улцињ и Даниловград во Црна Гора утрово се евакуирани поради дојава за наводно поставена експлозивна направа, пишува Вијести.

Од Министерството за образование, наука и иновации, неофицијално, речено е дека полицијата е информирана, дека проверките се во тек, а наставата ќе продолжи кога надлежните органи ќе утврдат дека зградите на институцијата се безбедни.

„Училишната управа презеде мерки од нивна надлежност, учениците се евакуирани, а органите на прогонот се информирани, полициски службеници ќе вршат увид во училиштата, а Министерството за образование, наука и иновации ќе постапи согласно препораките на Управата на полицијата и МВР, а по проверка на безбедноста на училишните објекти учениците ќе бидат вратени на настава“, соопштија од министерството.

На почеток