Скопје

Стефковски со граѓански дијалог ќе го крои буџетот за 2025 година

Општина Гази Баба од денес ја започнува постапката за креирање на буџетот за 2025 година која ќе се реализира во неколку фази.

Во првата фаза ќе се организира сеопфатен граѓански дијалог во кој граѓаните ќе имаат можност да ги кажат своите идеи и проекти кои сметаат дека треба да го имаат своето место во буџетот на општината за следната година.

За концептот, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на своите социјални мрежи каде што напиша:

„Ве повикувам да го дадете својот придонес во развојот на општина Гази Баба. Ветив отворена и транспарентна општина во која Вие, граѓаните ќе одлучувате и од таа моја заложба нема да отстапам“, напиша Стефковски.

Дополнително, општината им овозможува на граѓаните своите идеи и предлози за буџетот да ги достават и по електронски пат на е-маил адреса: [email protected]

На почеток