Скопје

(Видео) Галетановски: Нека стават привремен мораториум во ЗОО инаку ќе остане без животни

Ѓорѓи Галетановски, поранешен директор на ЗОО Скопје во Претрес со Ландов посочи дека лошата состојба во Зооолошката градина е поради незаинтересираноста, несоодветните кадри, лошиот менаџмент.

„Новиот директор не доаѓа на работа, но тој правно не е директор бидејќи не дојде од редовите на вработените. Тоа е криминал“, рече Галетановски.

Вработените, кои ги замолив да не ми се јавуваат, се херои што ова го преживуваат, посочи екс директорот.

За огласот на кој се пријави Галетановски за нов директор, рече дека се пробиени сите рокови, а документите не му се вратени.

„Нека стават привремен мораториум, инаку ќе нема животни. Не криевме ние што се случува во ЗОО. На скопјани ЗОО им е слаба страна“, рече Галетановски.

На почеток