Скопје

(Видео) Славевски: Се прави диверзија за да се наштети на ВМРО-ДПМНЕ, јас лично се извинив за поддршката за избор на Арсовска

Трајко Славевски, претседавач со Советот на Град Скопје, во Претрес со Ландов вели дека однесувањето на Данела Арсовска продолжува и немаат одговор и сега од градоналничката дали ќе дојде на седницата за поставување советнички прашања.

Ниту еден советник, посочи Славевски, нема добиено материјал ниту знае што ќе содржи буџетот на Град Скопје, кој ќе треба да се гласа за неколку недели.

„Се прави диверзија да се наштети на ВМРО-ДПМНЕ и на претседавачот со Советот“, рече Славевски во врска со состојбата во ЈСП.

Арсовска рече, не поднела пријава за тврдењето дека некој е фатен со рацете во мед.

„За танго се потребни двајца, Арсовска од почетокот не го крие анимозитетот према претседавачот на Совет“, одговори Славевски на прашањето дали се обидел да ги испегла односите со градоначалничката.

„Јас лично се извинив на скопјани за поддршката за избор на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје. Направена е катастрофална грешка“, рече Славевски.

На почеток