Македонија

На министерот Фетаи му се заканиле со „куршум во глава“

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, на службениот мејл, добил порака со закана по животот. Информацијата ја објави тој на својот Фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот.

„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да одговорам на заканата по мојот живот што ја добив во мојата официјална електронска пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик. Мејлот е насловен ‘куршум во глава за тебе шипо Фетаи’ и ја содржи оваа порака: ‘Нема да се сменат 20-те проценти, туку се шиптарско ќе ве убиеме со куршуми во глава. Да цркнете, мртов шиптар, добар шиптар, смрт за шиптари’“, напиша Фетаи на Фејсбук.

На почеток