Нов судско-обвинителски потрес во Академијата за судии и обвинители
Антикорупциската комисија им порача на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители да си ги повлечат своите членови од Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители бидејќи постапиле спротивно на законот за спречување на корупција и судир на интереси и на законот за Академијата. Биљана Каракашева-Шулев, член на Антикорупциската комисија, упати повик до Судскиот совет и Советот на обвинители да ги поништат своите одлуки за именување членови во Управниот одбор на Академијата, бидејќи станува збор за лица кои веќе имаат судски и обвинителски функции, ставени во мирување.
Советот на јавни обвинители на 29 октомври за членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители ги избра своите членови Душица Димитриеска и Башким Бесими. Неколку дена претходно, пак, Судскиот совет на седницата на 24 октомври за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители ги номинира членовите на советот, Ханиф Зендели и Антоанета Димовска.
“Неопходно е да престане практиката на поставување членови од нивните редови, за да се избегне судир на интереси и акумулација на функции,” изјави Каракашева-Шулев.
Според законот за спречување корупција и судир на интереси, веќе избрани и именувани лица не може да учествуваат во управувачки тела на други државни институции, потсетува ДКСК. Истовремено, на членовите на советите, им мируваат функциите како судија или јавен обвинител, па тие не може да бидат