Македонија

Пожарот на Беласица од вчера вечер е повторно активен, нема опасност за објекти

РЦУК – Битола, известува дека пожарот кој започна на ден 03.11.2024 г, над село Белушино, е активен и проширен на 3 краци. Гори букова и борова шума. Од утринските часови интервенираат 4 вработени во ПШС „Липа“- Крушево, ТППЕ Крушево 3 пожарникари и локално население. Заради непристапноста на теренот за возило за дотур на вода, гаснењето е отежнато. Попладнето пожарот се проширил со уште еден крак и зафаќа обем од околу 5 – 6 км. Опасност по населени места нема. Од 16.00 часот заради паѓањето на мракот, екипите се повлечени од терен до утинските часови. Воздушна поддршка немало.

РЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу село Смолари и село Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 7 пожарникари и 2 пп возила, и 2 од ПШС Беласица Струмица. Во 22:30 часот пожарот се активира повторно. На лице место извршено увид од страна на директорот на ЈП ПШС Беласица и од МВР ПС Струмица и се бара возило од ТППЕ Струмица да дежура вечерва поради опасност кон викендица и манастирче. Известени ТППЕ Струмица од страна на помошник дежурен во ЦИК Струмица. ТППЕ Струмица во разговор со директорот на ЈП ПШС Беласица биле известени дека пожарот е на околу 200 метри од објект, и според проценка на ТППЕ Струмица засега нема опасност кон објекти или према село. На лице место на пожарот се началник на одделение за Полиција и директорот на ЈП ПШС Беласица и 4 полицајци кои ке патролираат.

На почеток