Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Мисајловски: Безбедноста на граѓаните ни е на прво место, посветени сме на зајакнување на армиските капацитети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
misajlovski-2

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено – заштитниот систем ги потврди трите главни цели за одбраната – интензивирање на реформската агенда, вклучувајќи ја и модернизацијата на Армијата, целосно почитување на обврските на Министерството кон своите вработени и припадниците на Армијата и стабилното буџетирање на одбраната како основа за развој.

— реклама —

„Процесот на модернизација тече согласно сите планови. Реализираме навистина значајни проекти со кои новата, модерна, софистицирана опрема согласно највисоките стандарди на НАТО станува и наша реалност“, рече Мисајловски. Тој ги спомена проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила JLTV и Stryker, системот за против-воздушна одбрана Mistral 3, артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за Армијата.

— реклама —

— реклама —

Министерот се осврна и на вработените во Армијата и одбраната за кои рече дека „се професионалци кои ги водат најсериозните процеси во државата, додека истовремено тие се првите кои излегуваат на терен во поддршка на секој македонски граѓанин“.

— реклама —

Сето тоа е реалност, рече Мисајловски, затоа што буџетот е стабилен и е во нагорна линија. Најави дека и во 2025 година одбранбениот буџет ќе расте, односно да изнесува над 2 проценти од бруто-домашниот производ. Тоа, истакна министерот, значи реализација на сите зацртани планови за развој.

Во однос на реформата на системот за заштита и спасување, министерот Мисајловски порача дека одбраната е подготвена да даде целосна поддршка во овие реформи зашто „не постои позначајно нешто од сигурноста на нашите граѓани“.

„Тие [граѓаните] од нас очекуваат ефикасен, брз, добро подготвен интегриран систем за заштита и спасување и управување со кризи. Впрочем, огнените стихии со кои се соочивме изминатото лето беа доволен доказ дека нешто мораме да менуваме и тоа сега и веднаш. Да ги детектираме слабостите на системот и заеднички...да покажеме дека знаеме да ги ставиме потребите на секој еден граѓанин на прво место“, потенцираше министерот.

Научно стручната трибина е организиран од Клубот на генерали во кој членуваат 35 активни и пензионирани генерали со значително искуство стекнато преку повеќе децениска работа во одбранбениот систем. Говорници на трибината беа еминентни професори и експерти во безбедносната сфера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nato-mrezi

НАТО со порака до Москва: „Никој нема да остане сам“

Свет | пред 6 месеци

klekovski2062023

Во полицијата, царината и одбраната има најмногу боледувања, мотивот за земање е 90 до 100 процентна исплата на платата

Македонија | пред 9 месеци

Maple-Arch-24-DVDay-1

Мисајловски на затворањето на вежбата „Maple Arch 24“: Македонската Армија нуди услови и можности за заокружување на целиот процес за извежбување согласно највисоките НАТО – стандарди

Македонија | пред 1 година

misajlovski-1

Министерот Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања