Македонија

Четврти ден потрага по Лидија: Се пребарувале напуштени објекти, обиколки имало покрај Вардар

Министерството за внатрешни работи презема низа мерки и активности со цел пронаоѓање на исчезнатата 43-годишната Лидија Трајковска од село Јурумлери, скопско.

Утврдено е движењето на жената, при што од раскрсницата од село Јурумлери се упатува кон патот кој води кон Драчево. Во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот пронајдени се предмети (кутија од цигари, запалка и џемпер), извести МВР.

Од страна на нејзиниот сопруг препознаени се кутијата од цигари и запалката, односно од негова страна е потврдено дека се нејзини, додека за џемперот се изјаснил дека не е нејзин. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршени се обиколки по течението на реката Вардар, заедно со граѓани и роднини на исчезнатата.

Искористен е и дрон во потрагата при што е извршено воздушно пребарување по течението на Вардар во должина од скоро пет километри се до село Огњанци. Дополнително пребарана е и пошироката околија и напуштени објекти, соопшти МВР.

Потрагата продолжува интензивно и денеска, се до пронаоѓање на лицето.

На почеток