(Видео) Кина ги претставува своите борбените авиони и дронови, новиот „стелт“ е ѕвездата на аеромитингот
Борбените авиони и воените беспилотни летала се во центарот на најголемиот аеромитинг во Кина, кој беше отворен денеска, можност Пекинг да ја покаже својата сè понапредна воена индустрија пред потенцијалните клиенти и ривали.
J35A新画面 pic.twitter.com/zSQizq2Q9S
— Sweet Clay (@Clay_PLAPAP) November 11, 2024
Кина издвои значителни средства за модернизација и проширување на воздушните капацитети, во време на ривалство со САД и други земји и претензии кон Тајван, демократска островска држава за која кинеската влада тврди дека е нејзина територија и испрати рекорден број борбени авиони наоколу во последните години.
Ѕвездата на Airshow China, приказ на кинескиот авијациски сектор што се одржува на секои две години во јужниот град Жухаи, е новиот „стелт“ борбен авион J-35A.
Неговото учество на саемот сугерира дека е речиси подготвен за вклучување во војската, што би ја направило Кина, заедно со САД, единствената земја со два типа авиони кои избегнуваат радари и други видови откривање, според експертите.
Ј-35А е полесен од постоечкиот модел Ј-20 и по дизајн е посличен со американскиот авион Ф-35.