Македонија

Загина маж од скопско, со камион удрил во заштитната ограда на автопатот Демир Капија – Гевгелија

Вчера во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот З.К. од село Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда.

На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На почеток