Свет

Мајка и три деца загинаа во руски напад во Украина

Во руските напади врз Криви Рих, родниот град на Володимир Зеленски, загинаа мајка и нејзините три деца, изјави украинската министерка за правда Олга Стефанишина.

Претходно беше објавено дека женско тело било извлечено од под урнатините на станбена зграда погодена во Криво Рих, а регионалниот гувернер Серхиј Лисак предупредил дека нејзините деца најверојатно сè уште се заробени.

Но, изјавата на министерката Стефанишина сега потврдува дека тие загинале. Во нападот вчераутро била уништена петкатницата.

На почеток