„Ми рече дека бил во Дебар маало на 27-ми“ – адвокатот кој го однесе Палчо во Белград, по убиството на Вања раскажа што му зборувал обвинетиот
Три дена откако Вања Ѓорчевска исчезна и цела Македонија трагаше по неа, обвинетите за нејзино грабнување и убиство Љупчо Палевски-Палчо и Влатко Кешишов му се јавиле на адвокатот Васко Стојков за кафе. Таму се договориле адвокатот да го однесе Палевски во Белград, во критичните моменти кога се трагаше по девојчето. Стојков во својство на сведок кажа дека му дал 20.000 евра поддршка на Палевски, а му помогнал и за продажба на стан. Договорот да го носи во Белград паднал во стан во Аеродром.
„Со Влатко Кешишов отидовме накај Аеродром, па ми рече ‘не тука згрешивме’, па отидовме кај Фондот. Влеговме во еден стан, беше Љупчо и уште едно лице. Кога влеговме, седнавме, и ми направи кафе, тој човекот таму што беше. Палевски ми рече: ‘Имам деститина дена да одам за кичмата, ама за ова возилото на партијата, имам овластувања да го возам но не и за надвор од државата’. Не се прашав зошто е Палевски е таму, тогаш не ми беше чудно. Се знам со Палевски од 2016-2017 година. Јовица Страшевски (сега адвокат на Палевски) нѐ запозна. За три година му дадов 20 илјади евра поддршка на Палевски. Тоа ни беше односнот освен кафе пиење. Јас му помагав додека да го продаде станот на него и на фамилијата. Тој имаше доверба во мене и јас во него. Кога бевме во станот, се договоривме да го носам за Белград. Јас Влатко Кешишев и Љупчо, влеговме во колата, не се сеќавам Влатко дали го оставивме во партијата или отиде пешки“, рече сведокот, адвокат Васко Стојков.
Според сведочењето, отишле да извадат пари, па пиеле кафе на бензиска пумпа на излез од Скопје, каде размениле и пари.
„Ми рече дека има две недели слободни денови, па треба да оди за кичмата па од таму треба за Турција да оди. Он рече: ‘му кажав на Миле, што да прави со Централниот ако не се вратам знае што треба да прави, ако се вратам добро ако не му кажав на Миле’. Ми рече: ‘ќе видам што ќе ми кажат Белград, за кичмата па крајно ќе биде во Турција за ме оперираат’. Не ми кажа дека е хитно. Такво нешто не кажа. На патот зборувме за работи за политичката партија, за Десна, за што му кажал на генералниот секретар Миле, што треба да се направи. Не знаев дали ќе останува, ниту он не знаеше. Политичката партија Десна поднесе кривични пријави за тогашната власт за големи криминали и за тоа зборувавме. По патот имавме догорено средба со еден најпознат енергетички екеперт во Србија. Само ми рече: ‘деновиве зад мене се движи едно возило велешко, цело време се движи зад мене. Мислам дека е Сашко’“, додаде сведокот.
Имале средба со извесен Зоран, па Палчо добил понуда да биде сместен во домот на лицето, но одбил и барал хотел.
„Во меѓувреме, ми рече ‘дали може на мое име да му прати пријател пари, јас да ги подигнам’. И ги подигнавме, вечеравме, па отидовме до хотел „Таш“ така го викале, и носевме две торбици, една јас и една тој. Се легитимираше, му побараа пасош и го сместивме. Јас си тргнав назад 9 без 10, и следниот ден ми се јави и ми кажа дека најверојатно ќе оди за Турција. Го прашав за Централниот и рече со Миле е договорено. Рече ‘јас ќе треба да одам за Турција 10-тина дена нема да бидам тука, со Миле ген секот е договорено се’. Следниот ден околу 17 часот ми се јави брат му на Љупчо дојдоа инспектори бараа возило некое. Не ми кажа какво возило барале/ Ми се јави Џоле (сопственикот на ‘Рену канго’), 19,30 ми вика жена ми ја викнаа во Пролече, тргни натаму. Јас не сум кривичар му реков. Ми се јави пак за 10-тина минути, и вика: ‘за возилото во партијата што беше’. И јас отидов му кажав, кажи им се – прашуваше зошто крвни деликти, помислив дека некој чукнал некого па го бараат возилото. На први вечерта, кога стигнав во полициска станица, Влатко беше тука. Ноќта околку 3 часот мене ми се јави Влатко ми рече дојде полиција прават претрес рече дека треба адвокат да дојде, па праша дали ќе дојдам. Кога дојдов во партијата, имаше многу инспектори“, додаде сведокот.
Кога се појавил адвокатот Стојков, бил испрашуван за тоа кога бил надвор од државата, па им кажал каде го оставил Палчо.
„Им кажав дека го иставив во хотел Таш, и ми рекоа јави му се. Он не крена и почна распитот. Претресот заврши за час, час и половина. Христијан Плотников, Кирил и Влатко беа тука во канцеларијата и нив ги приведоа. Ми се јави Љупчо на први и му реков имаше претрес, тој беше зачуден. Ми рече да најдам кривичар адвокат, ми даде број и јас се јавив. За време на претресот ми се јави Палевски, дека во медиумите објавиле за уапсени во партијата Десна. Јас им кажав на полицијците дека ми ѕвони Палевски дали да се јавам, полицајците ми рекоа јави се и прашај го каде бил на 27-ми, а тој ми рече дека не се сеќавал. Подоцна ми се јави, и ми рече дека бил Дебар Маало. Ми рече ако одам кај мајка ми, одам по Илиндеска. Ако сум одел кај овој (н.з.) сигурно сум бил по Ленинова, можно е да бев таму. Можно е на 27 да сум врвел таму и ми кажа дека му бил клиент. Во тие 10-тина дена се движев натаму“, додаде сведокот.
Сопственикот на возилото „Рену канго“ бил пуштен од станица, а седиштето на партијата запечатено.
„Кучето лаеше од внатре. Кога влеговме внате му рековме на полицаецот, да го извадиме куччето да ни го даде клучот. Влатко Кешишев е пуштен во 8 часот и повторно е приведен во 12 часот и не може да дојде. Вечерта во неделата во ресторанот бевме, во ресторанот, жена ми се јави и ми рече дека има претрес.. И јас отидов, и тогаш се јави Љупчо, и ми рече „дебел“ така ми викаше, и ме праша: „Што се случува, што е ова – ме имаат местено, знаев дека ќе ме наместат, јас му реков ако не си виновен дојди, мора да се вратиш тука веќе си осуден“. Ме прашаа во полцииата, дали ја имам видено мајката на Вања со Палевски, и јас им реков не ја немав видено“, додаде тој.