Македонија

(Видео) Нови сведоци на судењето за свирепите убиства на Вања и Панче

Судењето за случајот со грабнувањата и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски продолжува денеска во Кривичниот суд во Скопје.

Се очекува да сведочат нови лица, односно: Зоран Аваз, Тодорче Георгиевски, Елвис Ибрахуми и Мирче Мицевски.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

На почеток