(Видео) Постоел сомнеж дека Вања ја грабнал педофил, го виделе „цитроенот“, постоеа пораки од таткото кои ги избриша, сведочи роднина на мајката
Маја Спиркоска, прва братучетка на Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања сведочеше пред судот за моментите кога дознала дека девојчето го нема, а почнала и потрагата. Посочи дека кога бил лоциран „цитроенот“ со кој според Обвинителството Вања е киднапирана, мислеле дека го возел некој педофил. Виделе и лице кое ја набљудувало зградата утрото, па се качило во возило „БМВ“. Таткото Александар учествувал во потрагата со извесен Гоце.
View this post on Instagram
„Сите бевме во паника, сите ја баравме. Имаше инспектори, роднини, пробувавме да најдеме нешто. Гоце во еден момент, среда или четврток, мислам дека имавме некаког траг, ми покажа некој човек што се бара, да не е некој педофил. И јас со поглед му покажав да се тргне не е во ред да зборува пред сестричката на Вања. Не знам дали беа известени полицијците. Ми рече, имавме некаква трага, можно е рече, не беше сигурен, дека човекот со Цитроенот, можеби е некој педофил мислевме тогаш. Претходно видовме еден човек кој ја наблудуваше зградата сабајлето, потоа се качи во БМВ. Нас сето тоа ни беше чудно, зошто некој организирано би го земал детето“, сведочеше роднината на мајката на Вања.
Прашана, што велел таткото Александар во тие денови, роднината одговори: Јас многу контакт немав со Сашко, беше вознемирен нормално бараше како сите. Јас бев повеќе со Зорица и сестричката. На Зорица и викаше не се секирај ќе ја најдеме. Јас Сашко не сум го виделе од 2018 година. Едно време ми викаше дека на Илон Маск дека треба да пратам порака за да ја најде преку сателит. Тоа ми беше малку чудно, како да исконтактирам со Илон Маск. Знам дека испратил порака во групата на родителите на класот на Вања, рекоа ‘напишал СашкоЧ Вратете го детото ќе ви дадам пари’. Јас не ја видов ми рекоа така. Потоа ги видовме избришани.
Не знам дали се познавале со Палевски, сега читам дека станот биле купен од неговата фирма. Бевме млади, не знаевме тогаш, околу 20 години имавме не се занимававме со такви работи“, додаде роднината.
Палевски го праша сведокот: „Дали сте слушнале за некаков проблем со купувањето на станот?“, на што Спиркоска одговори: „Не, тетин ми беше стабилен не верувам дека би имало некаков проблем“.