Македонија

Во штабот имаше пиштол, Влатко и Велибор имаа поданички однос пред Палчо, сведочи сопартиец

Ѓорѓи Џолев, сопартиец на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо сведочеше на рочиштето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој кажа дека бил сопственик на возилото „рено кангу“ кое се забележува на снимките како се движи позади „цитроенот“ со кој според обвинението била грабната Вања.

Тврди дека го дал на партијата „Десна“ оти со жена му не можеле да го одржуваат, а сведокот заминал и во странство.

Џолев, со Палчо се познавал од 2017 година. Тврдеше дека знае и за комуникациите помеѓу Палчо и другите двајца обвинети – Влатко Кешишов и Велибор Манев.

Најблиски со Палевски беа Влатко Кешишов и Велибор Манев имаа и дури некој поданички однос, дури ми беше и малку чудно. Ние се расправавме со Палевски, но тоа со нив го немаше. Многу чуден однос имаа, така јас би го дефинирал.

Боре никогаш сам не бил во Штабот, секогаш беше со Влатко, он имаше некој мерцедес со кој доаѓаше“, раскажа сведокот, кој одел во штабот на „Десна“, па сведочи дека видел и оружје: „Видов пиштол во штабот кај ‘Шампионче’, беше на масата кај што спиеше Палевски, во футрола, но не знам чин беше, па претпоставувам на Палевски. Пиштолот го видов минумум шест месеци пред да се преселиме, на 1-ви октомври партијата се пресели од Кисела Вода кај Веро Џамбо“.

Сведокот раскажа дека имале и партиски активности, односно состанок на денот кога Палчо заминал на преглед. Кога се открила поврзаноста на возилото „рену кангу“, сопственикот бил повикан во полиција и отишол, па го известил Палчо преку „телеграм“, додека тој беше отсутен од Македонија.

Раскажа и за 22 ноември денот кога бил грабнат Панче Жежовски.

„На 22-ри со Влатко, Боре и Велибор, можно е да се видов со Палевски, јас мислам дека бев пополаднето во штабот и се видов со него. Ама не сум сигурен, не знам дали беше 22-ри „реното“ не беше таму, во штабот. Измешани ми се деновите, не би можел да кажам. Со Палевски можно е да сум се видел, бидејќи секој ден комнициравме, ама не ми кажа каде е. Влатко Кешишев беше секој ден во седиштето на партијата, правеше кафе, јадење, го шеташе кучето, спиеше таму“, додаде сведокот, а на прашање од судот, дали овој обвинет живеел таму, сведокот одговори: „Да, живееше“.

На почеток