Експлозија во Керамидница: Раде Трајковски-Штекли бил мета, однесен е во болница
Од
Објавено на
Во дворно место во Керамидница, утрово била фрлена бомба. Повреден е Раде Трајковски-Штекли кој е пренесен во болница. Станува збор за лице кое се поврзува со скопското подземје, а во кое двапати претходно беше пукано.
„Денеска во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.