Изгасен пожарот на Беласица
Од
Објавено на
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот повеќедневен пожар што започна на 10 ноември годинава во подножјето планината Беласица помеѓу селата Смолари и Мокрино во општина Ново Село е ликвидиран. Зафатена била површина од околу 20 хектари.
Вчера на терен беа седум вработени и две теренски возила од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ – Струмица. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица од 12.16 до 13.10 часот со четворица пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово во општина Струмица.