(Видео) Бомбата за Раде Штекли била најавена на „Тикток“: Скопје, Керамидница, карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат
Од
Објавено на
Минатата среда, на мрежата „Тикток“ било објавено видео со порака дека ќе има бомба и експлозија кај „Ист гејт“. Токму на оваа локација живее Раде Трајковски-Штекли, во чиј дом, беше фрлена експлозивна направа токму утрово. Снимката со најава е објавено точно осум дена пред денешната експлозија од профил со име „радештекли26“.
„Скопје, Керамидница, карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“, стои во натписот на видеото.
И ова не е првпат, пред да има обид за убиство на Штекли, тоа биде најавено на оваа социјална мрежа. Истото се случуваше и минатата година, кога три дена пред да биде пукањето кон Штекли во трговски центар, беа објавени снимки. Истите снимки, сега се избришани.