Македонија

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи од Вреди се партиски кандидати, спротивно на законот за медиуми, алармирана меѓународната заедница

„Демократската унија за интеграција го осудува вознемирувачкото продолжување на менталитетот за партизирање на независните институции од страна на коалициските партнери во власта без етнички легитимитет“, велат од ДУИ.

„Кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за медиуми Нафије Селмани и Афрона Верзиволи на вчерашната расправа во собраниската комисија за избори и именувања ги излажаа пратениците, граѓаните и медиумите.

Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се членови на политичките партии во коалицијата Влен, беа кандидати за пратеници, општински советници, учествуваа на состаноци на партиски тела и беа предложени за функции од истите партии.

Срамно е, бескрупулозно, да се лаже целота јавност без око да им трепне.

Со каков кредибилитет ќе ги извршувате своите должности кога универзално лажете и го прекршувате законот за време на вашиот избор?

Партизацијата на советот на обвинители од Вреди продолжува и во агенцијата за медиуми.

Пратениците се пред тест, дали регулаторните и независните државни органи ќе бидат партизирани или ќе го штитат кредибилитетот на институциите и на собранието со спроведување на законот“, соопшти ДУИ.

На почеток