Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Маж и жена изгореа во пожар во скопско Морани: соседите не можеле да ги спасат зошто немало вода во населбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Маж и жена загинаа откако нивната куќа изгорела во пожар во скопската викенд населба Морани. Соседите не можеле да им помогнат поради тоа што немало вода во населбата поради уличен дефект, објави Плусинфо.

— реклама —

Пожарот избувнал рано изутрина, а соседите веднаш ја алармирале пожарната служба. Меѓутоа, обидите на локалните жители да го изгаснат пожарот биле неуспешни, бидејќи водата од водововот била недостапна. Пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот ги нашле телата на двајцата загинати, кои не успеале да се спасат од огнената стихија.

— реклама —

– Рано утринава околу 4 часот во СВР Скопје е пријавено дека во селото Морани, во викенд населбата гори куќа, сопственост на Р.Н. (66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат, велат од полицијата за Плусинфо.

— реклама —

Причината за пожарот сè уште не е утврдена. Полицијата спроведува истрага за целосно разјаснување на настанот.

Од ЈП Водовод и канализација утрово соопшија дека 08 часот без вода ќе бидат корисниците од викенд населбата Морани поради уличен дефект на улицата 6/бб.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 5 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 7 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 7 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања