(Видео) „Ако се меша во партија, свесно прекршува закон, пораки тоа можат да го докажат“ – Милевски ли „пука“ во Зајкова со крушуми за смена?
Дуваат ли ветриштата од кај Горан Милевски за смена на Моника Зајкова од ЛДП? Остри тонови од неа, го предупреди дека си ја загрозува амбасадорската функција ако учествува во партиски натпревари или се обидува да прави влијанија. Зајкова отворено кажа и што ја упатува на ваков сомнеж.
„Барањето за смена ми е како дежа-ву во ЛДП. Јас кажав не сакам да верувам, иако до мене допираат информации и ги гледам структурите на луѓето. Не комуницирам со Милевски за одредени партиски случувања бидејќи се коси со Законот за депломатија. Тој ако учествува во лобирање, свесно го прекршува законот“, рече Зајкова во „Претрес“
Таа потенцираше дека одредени пораки можат да се проверат многу лесно.
„Не мислам да глумам истражител“, додаде Зајкова во „Претрес“.