Свет

Уапсен министер за здравство во Хрватска, премиерот Пленковиќ го разреши: имало и претрес

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го смени министерот за здравство Вили Берош, соопшти хрватската Влада.

Според информациите, Пленковиќ ја назначил државната секретарка д-р Ирена Хрстиќ да раководи со Министерството за здравство до изборот на нов министер.

Медиумите претходно објавија дека во утринава полициска акција биле уапсени министерот за здравство Берош и уште еден лекар за кривично дело корупција.

Канцеларијата за борба против корупција и организиран криминал (Ускок) го потврди утринава претресот на куќата на Вили Берош насочен кон повеќе лица, од кои едното е висок функционер.

На почеток