Брат ми не го знае Палчо, а да имавме број од Бајден и на него ќе му се јавев, сведочи тетката на Вања за исчезнувањето на внуката
Оли Нешковиќ, тетка на убиената Вања и сестра на обвинетиот Александар Ѓорчевски, раскажа што се случувало во моментите кога девојчето било грабнато. Таа раскажа за очајните моменти, проверките по болници, барањата на помош и посочи: „не знам како да ви кажам, да имавме број на Бајден на Бајден ќе му се јавев“.
„Се бараа снимки на камерите, се гледаше каде има менувачница, немаше камера која го фаќаше влезот на зградата. Гоце (сведок) беше присутен во станот, кога оние ќе видеа некоја снимка, ги гледаа на комјутерот на Зорица. После два дена довербата во полицијата, во институцииите изгубивме целосна доверба.
Пред разводот Александар стана сопственик на станот на Наум Наумовски – Борче. Ако побарал пари, ќе сум му дала пари. Јас секогаш сум им помагала како што им помагам и денеска. Да, имаше зависности, има 25-6 години, тој си го реши тоа сам. Тоа беше зависност од дрога ама не некоја голема, сите знаеја за тоа“, рече сестрата на обвинетиот Александар.
Тетката на Вања кажа дека не го познава Љупчо Палевски-Палчо. Ниту пак партијата „Десна“.
„Јас ликот не му го знаев на господинот, додека не бев повикана на распит за брат ми, кога го приведоа. Не го знае ниту брат ми, различни кругови, различно се. Се беше многу чудно со полицијата, станот го посетија двајца-тројца полицајци, Гоце дојде и ми рече го викнал инспекторот Музафер и му рекол да го слика станот на Партизанска“, додаде сестрата на Александар.
Судот беше заинтересиран за сведокот Гоце, па побара детали.
„Гоце го познавам, тоа е старо кумство, моето семејство, на неговото, и мајка ми инсистираше Александар да му биде кум на Гоце во првиот брак. Јас Гоце го видов, подоцна Кираца ми рече и пишала на Зорица да дојде Гоце да помогне. Два-три дена пред да дознаат за Вања (дека е убиена), го виделе ‘цитроенот’, поради сомнителното движење. Гоце најде на Фејсбук дека ‘цитроенот’ е исчезнат. Гоце влегува во собата, се движи низ станот, и ни кажува дека ‘цитроенот’ сомнително се движи“, раскажа сведокот.
14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, обвинети се пет лица.