Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Фото) Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
avtobusi-jsp-1

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.

— реклама —

Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека можеби ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото. Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.

— реклама —

„Скопје1“ за излетаниот автобус на патот кон Булачани побара информации и од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, од кого очекуваме одговори. Детали побаравме и од МВР, особено за тоа, дали случајот е пријавен во полиција.

— реклама —

Во септември, „Скопје1“ побара информации од директорот на ЈСП, дали тој ја гарантира безбедноста на патниците кои го користат јавниот превоз, особено во период кога тие често се расипуваат низ улиците, во дел избија и пожари, а пак трети остануваа и без тркала. Од него, не добивме одговор. Прашавме и дали директорот е свесен дека може да се случи сериозна несреќа доколку неисправни возила циркулираат низ градот, како и дали ќе понесе одговорност - но и на ова добивме молк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања