Захарова за дозволата на САД, Украина да користи американски ракети со долг дострел
Од
Објавено на
Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американски ракети со долг дострел за цели на руска територија. Белата куќа и Пентагон се уште не ги потврдија овие наводи.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова денеска не сакаше да ги коментира написите во медиумите. Претседателот Владимир Путин веќе кажа сè за тоа, рече Захарова.
Зборувајќи за можноста Украина да користи западно оружје за цели на руска територија, Путин во септември рече дека поместувањето на војната понатаму на исток нема да биде крај, „бидејќи војната ќе стигне до Западот“.