Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟨𝟢 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
Од
Објавено на
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 11.11. до 17.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 160 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, извести ПОЦ.