Свет

(Фото) Хорор во Подгорица: жена убиена во двор со неколку истрели

39-годишната Г.М. е убиена ноќеска по полноќ во Подгорица, неофицијално е кажано од црногорската Управа на полицијата.

Според истите информации, убиството се случило во дворот од куќата на улицата Манастирска, пишува Вијести.

Полицијата соопшти дека работи на расветлување на кривичното дело. Засега не се познати мотивите на ова дело, како и осомничените.

Наводно, жената била убиена со неколку истрели.

Полицајците ја опколиле куќата во која се случило злосторството, а соседите се собрале на улицата и со неверување гледале во насока на полицајците кои вршеле увид, пренесуваат црногорските медиуми.

На почеток