Македонија

Уапсен 35-годишник од Арачиново, криумчарел мигранти

На 19.11.2024 во 05.20 часот на автопатот Гевгелија– Скопје, кај место викано „Милци“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода А.Б.(35) од с.Арачиново, скопско. Полициски службеници забележале како во возилото „крајслер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, влегуваат група на лица – мигранти. Возилото било сопрено и во негова близина биле пронајдени девет лица мигранти од Иран, кои претходно излегле од возилото.

Мигрантите билe пренесени во прифатно– транзитен центар во Гевгелија, а А.Б. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по член 418 – б – „Криумчарење мигранти“ од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка на А.Б. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

На почеток