Францускиот јазик да се изучува во центарските училишта: Герасимовски и Ле Риголер со заедничка иницијатива
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари пријателска и конструктивна средба со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер. На средбата, Герасимовски и Ле Риголер разговараа за интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција.
„Со амбасадорот Ле Риголер разговаравме за интензивирање на соработката, особено во поглед на промоцијата на францускиот јазик во нашите училишта. Договоривме и низа настани и средби со училиштата за негово изучување, со што ќе се зајакне оваа важна иницијатива. Имав можност да изразам голема благодарност за досегашната континуирана поддршка на амбасадата, со надеж дека во иднина ќе оствариме соработка и на локално ниво, преку директен контакт со нивните општини“, рече Герасимовски.
Општина Центар продолжува со силна и успешна партнерска врска со амбасадата на Франција, моќна и влијателна европска држава, чијашто помош и искуства се од непроценливо значење за нас.
Францискиот јазик засега се изучува само во ООУ „Димитар Миладинов“.