Скопје

(Видео) Полни автобуски, нервозни граѓани: ЈСП молчи дали има нафта и дали ќе има превоз од попладнево

Состојбата со јавниот превоз во Скопје се влошува, сведочат патниците кои ги користат услугите и на ЈСП.

Се жалат дека од утрово многу ретко има автобуси, некои од нив тврдат дека чекале и по два часа, но и натаму останува неодговорено прашањето дали претпријатието на Град Скопје останува без нафта.

„Скопје1“ четврти ден нема добиено одговор од директорот на ЈСП, Драги Кушовски дали е точно дека се трошат и последните резерви на нафта.

Вчера од Град Скопје испратија соопштение преку кое сакаа да лоцираат вина кај премиерот Христијан Мицкоски што нема нови автобуси, но не напишаа ниту збор за тоа дали воопшто има нафта и за постоечкиот возен парк.

Од утрово „Скопје1“ забележа гужви на дел од автобуските станици како во приградските места, како Волково, така и во центарот на градот, кај „Рекорд“.

Гужви има и на Железничката станица во Скопје. Иако се шпекулира дека од попладнево ќе нема градски превоз, но ниту за ова не се кажува ни збор од ЈСП или Градот кој го води Данела Арсовска.

На почеток