(Видео) Врие во „Улици и патишта“: плата до петок, или цела механизација пред Град Скопје во понеделник
Од
Објавено на
Ако до петок немаат плата, вработените во „Улици и патишта“ излегуваат на протест. Синдикалецот Марјан Ристески посочува дека вработените се жалат оти секој месец е иста приказна – се доцни со парите кои ги заработиле.
„Ова веќе е неиздржиливо. Овие луѓе си ја заработиле платата“, рече Ристески кој додаде: „Секој месец да се протестира за плата, луѓето бараат спас. Ако не дадат плата, ќе бидете сведоци на протест. Се јавуваат и од други јавни претпријатија на градот, за да се се вклучат, за конечно да се изнајде решение“.
Ристески укажа дека и можно е и други јавни претпријатија во надлежност на градоначалничката Данела Арсовска да се придружат на протестот.
Дециден е дека ќе излезат сосе механизација.