Македонија

(Видео) Обвинет смени изјава, го брани Палчо: тврди дека тој не бил со нив кога ги убивале Вања и Панче

Обвинетиот Влатко Кешишeв кој прв и откри на полицијата за двете убиства, ја променил изјавата во која велеше дека Љупчо Палевски-Палчо ги ликвидирал Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Изјавата ја доби судот, а истата е доставена и до адвокатот Игор Ефремов, кој му е застапник. Според тоа што беше соопштено, изјавата е напишана пред два дена на 18 ноември, а обвинетот вели дека Палевски на 22 и 27 ноември 2023 година (критичниот период кога се случиле двете убиства), не бил во Велес и Скопје, туку спиел во штабот.

Кешишев навел дека згрешил што го послушал Велибор и дека кажал невистина дека Палчо бил со нив. Во изјавата Кешишев не навел ништо за мотивите на двете убиства, ниту за тој кој пукал во Вања и во Панче.

Адвокатот Игор Ефремов, кој го брани Кешошов, не можеше да ја коментира изјавата.

„Денес и јас за првпат се запознав со изјавата. Има напишано изјавата, не би ја коментирал содржината, оти не знам дали е негов ракописот, дали е негов потписот, дали своеволно има пишувано или не сакам да помислам за присилба или закана. За содржината ќе разговарам со него, па ќе ве извстам и вас. Јас ја добив преку судот“, вели адвокатот Игор Ефремов.

На почеток