(Видео) Ѓурчески во „Претрес“: По менувањето на исказот на еден од обвинетите, може да очекувате ослободување на Палчо
Од
Објавено на
Тешко се доаѓа до докази за криминал, бидејќи жртвите немаат доверба во институциите и во МВР, рече во „Претрес“ со Ландов, екс-помошник директор на криминалистичка полиција во МВР и екс-началник во МВР, Љубомир Ѓурчески.
Таткото на градоначалничката Данела Арсовска, началник во МВР, беше еден од осомничените за исчезнатите 28 килограми на кокаин во време кога министер беше Павле Трајанов.
По денешното менување на исказот на еден од обвинетите за убиството на Вања, му се обезбедува алиби на Љупчо Палевски Палчо и може да очекувате ослободување на Палчо, вели Ѓурчески.
„На Обвинителството му бега случајот. Верувам дека писмото со менување на исказот е автентичен”, вели Ѓурчески во Претрес со Ландов.
Не навивам за никого, вели Ѓурчески.