Скопје

(Фото) Граѓани се организираат да си помогнат оти нема автобуси: „Имам и бебе со мене, ама ќе се стуткаме“

Жителите на Скопје не знаат дали ќе имаат превоз, додека, градските власти молчат. Вчера дел од патниците чекаа автобуси и со часови, а и денеска состојбата не е ништо подобра. Нема одговори од ЈСП, дали и зошто нема нафта, кој ќе преземе одговорност што поради немање деривати возилата не можат да се вклучат во сообраќај. Вечерва од 18 часот ќе има и вонредна седница на Совет на град Скопје за да се види – каде е проблемот и што може да се реши итно.

Во исто време, по групи на социјални мрежи, граѓани се организираат да се превезуваат групно со такси или приватни возила. Се пишуваат траси на поминување, за на секој што му одговара може да се приклучи во групата за да отидат од еден на друг крај од градот.

Последните информации се. дека ЈСП нема нафта поради наводен долг кон „Пуцко петрол“. Град Скопје во понеделникот се пофали дека превоз во полн капацитет ќе има и покрај опструкциите. Два дена подоцна, оттаму само молк.

За утре (петок), 13:30 часот е најавен протест пред Град Скопје.

На почеток