Автобусите назад по улиците, ќе се сообраќаат како периодот пред да снемаат нафта
Во автобусите се наточи нафта од стоковите резерви на државата, па возачите се вратија на вообичаените линии. Од ЈСП нема детална информација колку автобуси се пуштени на терен утринава, откако вчера, се сообраќаа само 25 автобуси на гас. Очекувано е на градските и приградските линии да има автобуси, според истиот интензитет како до петокот.
За денеска во 13:30 часот пред бараките на Град Скопје е најавен протест организиран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, а во 14:30 часот ќе се приклучат и студентите од УКИМ.
Нормализирање на состојбите во градот побараа и советниците во Градот Скопје кои вчера на вонредна седница изгласаа заклучоци.