Три години од трагедијата во која загинаа 45 македонски државјани: На автопатот нема ни обележје, вината ја најдоа кај возачот
Поминаа три години од трагичната автобуска несреќа во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица, од кои 12 деца, а уште 7 беа повредени. Автобусот беше зафатен од пламен, додека трагична околност е фактот што несреќата се случи околу 2 часот по полноќ, кога најверојатно повеќето од патниците спиеле.
Компанијата доби четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз и казна од 800 илјади денари. Една година и осум месеци казна затвор доби Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса Транс“ бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата превезувајќи патници. Во Бугарија се водеше судски процес за несреќата, а вината беше лоцирана кај возачот, кој исто така загина, иако постоеа сомнежи дека тој дел од автопатот е надвор од пропишаната легислатива.
После три години на автопатот „Струмица“ во Бугарија нема никакво обележје дека на тоа место се случила несреќа во која изгореле 45 државјани на Македонија.