Свет

Татко на повредено лице по експлодираната бомба во Хрватска: Има изгореници по телото, Не знае како бомбата завршила во станот

За хрватскиот портал „24 час“а проговорил таткото на еден од повредените млади луѓе, откако бомба експлодираше во стан каде журка правеле неколку млади лица. Како што вели таткото Ж. Ч., утрово го посетил синот кој моментално е во болница и му кажал што се случило. Таткото посочи дека син му има видливи повреди по телото.

„Во станот имаше бомба, некој ја донесе и ја активираше, син ми седеше со девојка на креветот и се случи тоа што се случи“, рекол таткото. „Никој не знае како бомбата завршила во станот, освен што претпоставувам чија била бомбата. Знаеме дека ја објавил сликата на Инстаграм, тоа го знае и полицијата“, ни изјави таткото.

Да потсетиме, синоќа околу 23 часот дошло до експлозија на забава на која присуствувале млади луѓе во хрватски Книн. Експлодирала рачна граната М-75. Полицијата соопшти дека бомбата на забавата ја донел ранет 25-годишен маж од спалната соба од неговиот стан. Бомбата експлодирала во раката на уште еден 25-годишен маж, кој починал.

На почеток