Фани Каранфилова Пановска на местото на Сања Лукаревска во СДСМ
Од
Објавено на
Фани Каранфилова Пановска е новата заменик претседателка на СДСМ.
Таа ја замени досегашната заменик претседателка, актуелната пратеничка Сања Лукаревска, која поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз на СДСМ во месец мај.
Каранфилова Пановска е поранешна директорка на фондацијата Отворено општество.
Откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев во 2013 година, беше воведена функција заменик-претседател, која ја вршеше Радмила Шекеринска, а потоа на нејзино место дојде Сања Лукаревска.